Рик Питино нов тренер на Панатинаикос

Грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос го именува Рик Питино за нов тренер. Се работи за легендарен американски стратег од НЦАА лигата, кој за првпат ќе работи на европско тло.

„Би се заблагодарил на раководството на Панатинаикос на единствената можност. Тоа е клуб со голема традиција и воодушевен сум што ќе работам во Панатинаикос“, истакна Рик Питино.

Тој би требало да дебитира на клупата на ПАО в петок, на мечот против ЦСКА Москва во „ОАКА арена“.

Питино е член на Куќата на славните во ФИБА, освои три титули во НЦАА лигата со три различни универзитети, Провиденс, Кентаки и Луисвил. Исто така ги водеше и НБА тимовите Њујорк и Бостон.

Се вчитува...