Рикардо гневен: „Што сме ние холивудски ѕвезди? Ф1 сака да снима филм, а ова е реален живот“

Австралискиот возач Даниел Рикардо остро го критикуваше повторувањето на снимката од несреќата на Роман Грожан велејќи дека е згрозен од „холивудскиот“ третман кој го имаше ударот, додека сите други возачи се подготвуваа за старт.

„Згрозен сум и разочаран од Ф1 и начинот на кој одлучија да ја покажат таа несреќа, каде цело време го покажуваа запаленото возило. Ниту тоа не им беше доволно, туку потоа покажаа и снимка од камерата на возилото. Целата работа ми изгледа дека тие сакаат да снимаат холивудски филмови, а ова не е филм ова е вистински живот“, изјави Рикардо. 

За среќа Грожан е во добра состојба и има само изгореници на рацете.

Се вчитува...