Рикардо најбрз на првиот ден од тестирањата за новата сезона во Формула 1

Даниел Рикардо во болидот на Мекларен беше најбрз на првиот ден од тестирањата за новата сезона во Формула 1. Рикардо на патеката во Бахраин извози време од 1:32.203 минута, што беше дури пет секунди поспоро од минатогодишното време со кое Луис Хамилтон освои пол-позиција на истата патека.

Второто место му припадна на Пјер Гасли од Алфа Таури кој доцнеше 0.028 делови од секундата зад Рикардо, додека трет беше Макс Ферстапен на Ред Бул. Луис Хамилтон не се појави на тестирањата, а Мерцедес одлучи Валтери Ботас да помине само шест круга на првиот ден од тестирањето.

Вториот ден од тестирањето за новата сезона ќе биде утре на истата патека со почеток во 16 часот.

Се вчитува...