Рики Рубио се враќа на теренот по пауза од една година

Рики Рубио ќе настапи на натпреварот помеѓу Кливленд и Портланд и за него тоа ќе биде прв натпревар по тешката повреда стекната пред повеќе од една година. Шпанскиот плејмејкер последниот меч го одигра во декември 2021 година кога заработи повреда на лигаментите на коленото.

Враќањето на Рубио е добра вест за Кливленд кој е на прагот да се најде во нов плеј-оф. Кавс се на петтата позиција во Источната конференција со скор од 26 победи и 16 порази.

Се вчитува...