Римското дерби без победник

Рома и Лацио одиграа 1-1 во големото градско дерби. Фудбалерите на Пауло Фонсека покажаа повеќе во дуелот на „Олимпико“, но на крајот мораа да се задоволат со поделба на бодовите. По ова, „лацијалите“ остануваат на третата позиција со 46 бода, а Рома е четвртопласирана со седум бода негатива во однос на градскиот ривал.

Един Џеко во 26.минута го доведе тимот на Рома во водство, но Лацио успеа да израмни по една голема грешка на одбраната на „волчицата“, а стрелец беше Ачерби во 34.минута.

Се вчитува...