Бразилскиот репрезентативец Ришарлисон се наоѓа на излезни врати од Тотенхем, и поранешни играчи веќе почнаа да фрлаат дрва и камења по него.
Ришарлисон се наоѓа пред трансфер во Трабзонспор каде ќе игра со Мохамед Салах, но поранешниот напаѓач на Астон Вила, Габриел Агбонлахор кој сега работи како аналитичар за „Ток спортс“, смета дека Тотенхем нема да загуби ништо со неговото заминување.
„Има зборови со кои би го опишал, но не сум сигурен дека се коректни за пред камера. Затоа ќе користам зборови кои се дозволени. Мисла дека никој нема да рони солзи за него, тој е апсолутен идиот. Тој не е брз, не знае да ја задржи топката. Да, може да постигнува голови, но неговата театралност, однесувањето се ужасни. За некој кој постигнал 75 гола на 276 меча во Премиер лигата се однесува како суперѕвезда. Слушам дека во Турција би добивал трипати поголема плата од Тотенхем и затоа не сакаше да се врати во Евертон“, изјави меѓу другото Агбонлахор.
‘An absolute idiot with a stinking attitude’ | Gabby Agbonlahor really doesn’t like Richarlison 👀 pic.twitter.com/3VltuwX3UC
— talkSPORT (@talkSPORT) September 3, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
