Ристевски стрела кога е најважно: Супер-волеј за гол против Дебрецин

Кире Ристевски како дефанзивец има за задача да ги запре противничките фудбалери во своите налети, но македонскиот репрезентативец денеска покажа и завидни голгетерски способности.

Неговиот Ујпешт се среќава со Дебрецин во дуел што е исклучително значаен за двата тима во битката за опстанок, а токму Ристевки го отвори резултатот во 9. минута. По корнер од десната страна македонскиот интернационалец налета на топката и со прекрасен волеј-удар од десетина метри го матираше гостинскиот голман.

За Ристевски ова беше прв погодок како член на Ујпешт, во втората сезона во која го носи дресот на овој унгарски прволигаш.

Се вчитува...