Ристовски асистира Спортинг победува (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра одличен натпревар во триумфот на Спортинг Лисабон на гостувањето кај Беленесеш со 1-3. Репрезентативниот бек на теренот помина 73. минути во кои запиша асистенција за вториот погодок на тимот од Лисабон. Ристовски одлично центираше од десната страна, а неговата прекрасна асистенција со „еврогол“ ја зачини Јован Кабрал во 36. минута.

Претходно, домаќините поведоа со голот на Лика во 9. минута. Спортинг израмни преку Коатес во 22. минута, а конечните 1-3 ги постави Кабрал со својот втор гол на натпреварот, овој пат од пенал. Со оваа победа Спортинг се искачи на третата позиција на првенствената табела со 52 бода, додека Беленесеш останува 14. со 30 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...