Ристовски добил дозвола од Спортинг да си бара нов клуб

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е пред можно заминување од Спортинг Лисабон откако добил насоки од клубот да си бара нова фудбалска средина. Највлијателниот португалски спортски весник „А’Бола“ тврди дека Спортинг веќе му дал одврзани раце на Ристовски да бара нов клуб.

Според „А’Бола“, Ристовски не бил во комбинација кај тренерот на Спортинг, Рубен Аморим кој посакувал друго решение за десната бековска позиција. Португалците, сепак, не планираат без пари да го пуштат македонскиот репрезентативец за кого барат отштета од четири милиони евра.

Ристовски, кој од 2017 година е во Спортинг, има понуда од Волфсбург но Германците нудат три милиони евра. Останува сега португалскиот тим да се согласи на таа понуда за евентуален трансфер на македонскиот фудбалер.

 

Се вчитува...