Ристовски и Николов по пристигнувањето во Скопје директно на тренинг (ФОТО)

Капитенот на репрезентацијата Стефан Ристовски и фудбалерот од средниот ред на романска ФЦСБ, Бобан Николов повторно се враќаат во националниот тим за пријателските дуели со Финска и со Азербејџан.

Ристовски и Николов, по клупските обврски, попладнево пристигнаа во Скопје па директно „скокнаа“ на тренингот на репрезентацијата на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Ристовски, но и Николов, како екс-вардарци прво секако со поздрав со стручниот штаб на националниот тим и се поранешни „вардарци“ од селекторот Благоја Милевски кој со Вардар и како играч и како тренер има шампионска титула, преку Влатко Гроздановски и Томе Пачовски па се до најновиот член на стручниот штаб, Никола Глигоров.

 

Се вчитува...