Ристовски: Изморени сме, но овие два меча добро ќе им дојдат на некои играчи

Капитенот на националниот тим Стефан Ристовски, ги искажа своите очекувања пред престојните два пријателски натпревари.

Ристовски кажа дека некои играчи се уморни поради збиениот календар и напорната сезона, но дека секогаш кога се игра за репрезентација треба да се однесува професионално, и така ќе биде и сега.

„Да, изморени сме, особено јас во Динамо имав многу натпревари. Но, можеби за некои играчи добро ќе дојдат за некои играчи кои имаат слаба минутажа. Не треба да бараме алиби, и треба сите да сонуваат да играат за репрезентацијата која е светост, и овие два натпревари треба да ги одработиме на најпрофесионален начин и верувам дека тоа ќе го направиме“, рече Ристовски кој додаде дека и покрај тоа што се контролни мечеви, секогаш императивот е да се победи.

„Приоритет на секој играч е да се победи, особено кога се игра за репрезентацијата. Не познавам некој играч кои сака само да впише минутажа. Без разлика на минатите резултати, секој меч ни е добродојден и низ вакви натпревари да се крене самодовербата. Многу е лесно да се изгуби самодоверба, но тешко е да го добиеш. Затоа се потребни вакви натпревари“, додаде капитенот.

Се вчитува...