Ристовски: Може ние овде на прес да зборуваме многу, но вистинските зборови треба да бидат утре на терен

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Десниот бек на македонската репрезентација, Стефан Ристовски е оптимистички расположен во пресрет на вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против Словенија.

Ристовски вели дека вистинските нешта Македонија треба да ги каже утре на теренот на „Стожице“. Сега може да се вети било што, но се ќе зависи од играта на самиот терен против, во секој случај, силната Словенија.

„Убеден сум дека ќе одиграме квалитетен натпревар. Оваа генерација покажа дека има вредност, можеме ние да зборуваме на прес многу, но вистинските зборови преку игра треба да ги покажеме на теренот. Словенија ја респектираме, но оваа селекција на Македонија има верба во себе и може да се надигрува и со најсилните репрезентации. Мислам дека тоа го правиме добро веќе некое време и овој меч со Словенија ќе биде вистински тест“ – истакна Ристовски на прес-конференцијата во Љубљана.

Се вчитува...