Ристовски на средба со Ивановски: Уверен сум дека од Дарио најдоброто допрва доаѓа

Само еден ден по одличниот резултат и второто место на маратонот во Белград, најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски имаше прием во министерството за спорт, каде беше дочекан од министерот Борко Ристовски.

Ристовски кажа дека министерството силно ќе продолжи да ги поддржува спортистите кои остваруваат врвни резултати и достоинствено ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена.

„Со голема чест и задоволство денеска во Министерството за спорт се сртнав со нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски и му упатив искрени честитки за извонредниот успех што го оствари викендов на престижниот Белградски маратон.

Освоеното второ место во конкуренција од 2.350 маратонци од 79 земји е резултат за почит. Со време од 2:09:35, Дарио беше на само 24 секунди од првото место – уште една потврда дека се наоѓа во одлична форма.

Овој резултат е речиси идентичен со неговиот национален рекорд, што зборува за континуитет, посветеност и врвна подготвеност.

Како Министерство за спорт, ќе продолжиме силно да ги поддржуваме спортистите кои оставруваат врвни резултати и достоинствено ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена.

Дарио е еден од нашите најсилни адути за претстојните големи натпреварувања и уверен сум дека најдоброто допрва доаѓа!“, напиша Ристовски на социјалните мрежи.

Се вчитува...