Ристовски: Пропуштивме историска шанса…, но тоа е – животот тече понатака!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Видно разочаран Борко Ристовски по поразот од Чесите со кој Македонија ги загуби речиси сите шанси за висок пласман на Европското првенство во Хрватска.

„Не знам што се случи, искрено…. Не издржавме на физички план, натпревар со едно вакво силно темпо. Мислам да издржевме само уште десет минути ќе победевме. На крај, кога се ќе се сумира мора да кажеме дека заслужено победија Чесите затоа што на крајот знаеја каде да нападнат. Нападнаа точно на нашите најмлади ракометари кои не го издржаа притисокот. Имавме огромна историска шанса да играме за полуфинале. Но ја пропуштивме. Самите сме си виновни, но таков е спортот… Животот тече понатака, тоа е тоа“ – рече по мечот македонскиот голман.

Се вчитува...