Ристовски се враќа на терените: Продолжува шампионатот на Португалија

Првенството во Португалија продолжува денеска со два натпревари, по прекинот на натпреварувањето од 12. март. По речиси три месеци пауза на терените се враќа и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Ристовски, својот натпревар со Спортинг Лисабон го игра утре на гостувањето против Гимараеш.

Сите натпревари во Португалија до крајот на сезоната ќе се играат без присуство на навивачи. Првиот дуел е меѓу Портимоненсе и Жил Висенте (20 часот), а од 22:15 часот ќе играат Фамаликао и Порто.

Од македонските интернационалци претходно своите активности ги продолжија и Дарко Чурлинов во втората германска лига, Бобан Николов и Висар Муслиу во Унгарија, Дарко Велковски во Хрватска, а наредниот период се очекува и стартот на Ла Лига, Серија А и Премиер-лигата.

Се вчитува...