Ристовски: Специфичен момент е за националниот тим

ЕКИПА во Белек, 

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше без голови на првиот пријателски натпревар што се одигра на турнејата во Турција. На „Глорија Арена“ во Белек, „црвено-жолтите“ играа 0-0 против селекцијата на Финска, продолжувајќи ја низата од шест меча без пораз.

За дел од репрезентативците, може да се каже дека овој натпревар беше и „враќање во живот“ со оглед дека не се премногу стандардни во своите клубови. Стефан Ристовски, членот на Спортинг Лисабон, истакнува дека ова е специфичен момент за нашиот национален тим.

„Одигравме квалитетен натпревар против Финска, иако се виде дека во одредени моменти од дуелот заостанувавме физички зад противникот. Тоа е затоа што националниот тим се наоѓа во специфична фаза, дел од фудбалерите немаат голема минутажа во клубовите, иако има и такви кои се наоѓаат во одлична форма. Но, мислам дека целината делуваше комппактно, создадовме повеќе шанси од противникот, но не успеавме да постигнеме гол. Сепак, Финска е цврст ривал, квалитетна селекција. Сега се фокусираме на следниот пријателски натпревар против Азербејџан на 27.март и верувам дека ќе се прикажеме во уште подобро издание“, вели Стефан Ристовски.

Се вчитува...