Ристовски стрелаше во пенал-рулетот, Спортинг во финалето на Лига купот на Португалија

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски со својот Спортинг Лисабон ќе играат во финалето на Лига купот на Португалија откако во полуфиналната пресметка дури по пенал-рулетот славеа против Брага.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 1-1, а во пенал серијата Спортинг Лисабон беше подобар победувајќи со 3-4. Ристовски беше стрелец во шестата серија пенали откако по првите пет пенали беше 2-2.

Во финалето закажано на 26. јануари Спортинг Лисабон ќе се соочи со Порто, кој во второто полуфинале беше подобар од Бенфика победувајќи со 3-1.

Се вчитува...