Ристовски тотално искрен: Никој утре нема да го памети судијата, туку нашиот недозволив дебакл!

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Членот на португалски Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски тотално искрен по срамниот пораз на Македонија од Ерменија од 4-0.

Ристовски вели дека, и покрај катастрофалното судење, мора да погледнеме во очи на самите себе и да признаеме дека ова беше крајно недозволиво….

„Кога се ќе се сумира утре никој нема да памети дали Македонија била оштетена од судијата или не. Ќе стои дека Македонија доживеала убедлив пораз од 4-0. Ова го кажувам и како фудбалер, и како навивач, и како некој кој го сака фудбалот. Но, ако правиме некоја анализа, мора да нагласам дека вечерва со ваков судија и Шпанија не можеше да победи тука. Од друга страна тешко е кога имате една одлична серија и да загубите на ваков начин со 4-0 е навистина недозволиво. Покажавме една лоша слика, но можеби ова е добредојдено да се спуштиме на земја и да разбереме некои работи дека вистинските мажи се покажуваат под притисок. Ние не може само да се радуваме само на победи со слаби репрезентации. Мора да бидеме подготвени и за вакви натпревари и против вакви судии. Тука се гледаат вистинските победници“ – ни изјави по мечот Стефан Ристовски.

 

Се вчитува...