Стефан Ристовски се закити со нов трофеј во дресот на Спортинг откако неговиот тим во пенал-завршница славеше над Порто во лига-купот на Португалија.
Македонскиот ас уживаше во прославата, но не пропушти ниту да ги критикува противничките фудбалери, откако целиот тим на Порто реши да го напушти теренот неколку минути пред церемонијата на официјално доделување на пехарот.
„Ова е спорт… игра во која треба да почитувате за да ве почитуваат“ – напиша Ристовски на својот инстаграм-профил, постирајќи тимска фотографија од Спортинг со пехарот.
View this post on Instagram
Mais uma vez ????????…(isto é um jogo , é preciso respeitar para serem respeitados)!!!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА