Ристовски за малку остана без евро-гол на мечот со Мореиренсе… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Спортинг Лисабон во победата од 2-1 против Мореиренсе во 18. коло од португалската лига.

Ристовски мечот можеше да го заврши со гол, но остана за малку без спектакуларен погодок по неговиот волеј-удар во 26. минута кој го одбрани противничкиот голман. Сепак, на одбиената топка натрча Фернандеш и зголеми во тие моменти на 2-0…

 

По оваа победа Спортинг Лисабон со 38 бода е на четвртото место, осум помалку од лидерот Порто.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...