Ривалдо открива: Нејмар ќе дојде во Реал Мадрид

Легендарниот бразилски фудбалер и голема ѕвезда на Барселона, Ривалдо, откри дека најдобриот играч на „кариоките“ Нејмар ќе се пресели во Реал Мадрид. Тој смета дека неговиот сонародник многу брзо, можеби уште ова лето, ќе си замине од Париз, а негова следна дестинација ќе биде „Сантијаго Бернабеу“.

„Веќе реков дека Нејмар може да стане најдобар фудбалер на светот, но сметам дека тоа не може да го постигне во ПСЖ. Тој нема да се врати во Барселона, затоа што неговата ситуација беше многу компликувана. Според информациите кои ги имам, Нејмар најверојатно ќе му пристапи на Реал Мадрид. Верувам дека таму може да ја оствари својата цел, да стане најдобар фудбалер во светот“, изјави Ривалдо.

Се вчитува...