Ривалот на МЗТ во АБА експресно ја најде замената за Расел

Морнар остана без услугите на најдобриот поентер во АБА лигата, Дерон Расел на кој сензационалната сезона во регионалното првенство се пресели во редовите на Галатасарај, но црногорскиот тим експрено стигна до ново засилување. Станува збор за Џордан Голдвајер кој во Бар доаѓа од „Џи-лигата“.

Црногорскиот состав е еден од ривалите на МЗТ Скопје во борбата за опстанок во најдоброто регионално првенство. По 15 одиграни меча има скор од пет победи и десет порази, односно три победи повеќе од македонскиот шампион.

Се вчитува...