Ривер е во финалето по ВАР-хаосот против Гремио

Ривер плејт е првиот финалист на Копа Либертадорес откако аргентинскиот гигант во драматичен финиш славеше над Гремио со 1-2, елиминирајќи го бранителот на трофејот кој во денешниот реванш влезе со предност од 1-0 од победата во Буенос Аирес.

Мечот ќе биде запаметен по одлуката на уругвајскиот судија Андрес Куња во 85. минута да му додели пенал на гостинот од Буенос Аирес. Тој најпрвин покажа на корнер, но по прегледување на снимката со ВАР се премисли и досуди пенал, предизвикувајќи бура од реакции кај домашните фудбалери и навивачи. Бресан доби црвен картон, фудбалерите на Гремио протестираа девет минути, во убедувањето на арбитрите се вмеша и воената полиција, која „разговараше“ со Куња, но тој остана на својот став, па Ривер во 94. минута конечно го изведе пеналот и преку Мартинез стигна до посакуваната победа и место во финалето.

Дали главниот арбитар беше во право со својата одлука, проценете сами…

 

Се вчитува...