Фамозното Супер Класико, мегадуелот меѓу аргентинските клубови Ривер Плата и Бока јуниорс ќе се одигра на 9 декември на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, но ниту од далеку нема да го има препознатливиот шарм. Аргентинската навивачка страст често се прелева во насилство и хулигански испади, така беше и пред неодиграниот реванш меч од финалето на Копа Либертадорес на „Монументал“, па организаторите сега одлучија на фановите на двата клуба да им доделат само по 5.000 билети.
Ова ги шокираше и двата клуба, Ривер Плата, која всушност ќе се води и за домаќин, и Бока јуниорс. Останатите места на стадионот ќе бидат за обична фудбалска публика, а 6.000 билети се наменети и за организаторот на настанот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА