РК Металург: Странците не играа поради лиценците, не поради проблеми со платите

Металург без многу мака триумфираше на домашниот дуел против Работнички, но изненадувачки делуваше отсуството на сите странски ракометари во таборот на клубот од Автокоманда. Иако во прв момент се чинеше дека станува збор за неисплатени плати, веднаш по заминувањето на тренерот Кастратовиќ, од РК Металург информираат дека проблемот бил во лиценците за странските ракометари, не во долгувањата кон нив.

„Не е точно дека ракометарите од странство не играа поради долговите. Тоа беше наша заедничка одлука, по комуникацијата со раководството на РФМ, по што сметавме дека ионака нема потреба да ги ризикуваме странците за дуелот со Работнички. Проблемот со лиценците ќе биде решен во најскоро време, по што Металург комплетен ќе настапи на следните домашни натпревари. Впрочем, ние комплетни веќе утре патуваме за новото гостување во Лигата на Европа“, информираат од РК Металург за ЕКИПА.

Останува надежта дека „металурзите“ навистина ќе се консолидираат на финансиски план, бидејќи само на тој начин ќе можат да се обидат да ги зацртаат зацртаните цели од стартот на сезоната, по пласманот во ЛЕ да се обидат и да ги замрсат сметките на Вардар и на Еурофарм Пелистер на домашната ракометна сцена.

Се вчитува...