РК Охрид во контролен натпревар подобар од РК Прилеп

Ракометарите на Охрид во контролен натпревар беа подобри од Прилеп со 27-18, полувреме (11-9). Воведот од натпреварот им припадна на прилепчани, кои во неколку наврати имаа водство од еден погодок.

Во текот на подготвителните натпревари Охрид славеше победи против Голден Арт КЛ7, црногорскиот шампион Ловќен и два пати против Прилеп. Охриѓани изгубија од Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, а ремизираа со Ловќен.

Прилеп во првото коло од националниот куп на домашен терен ќе го пречека Аеродром.

Се вчитува...