РК Вардар со порака до фановите: ВРЕМЕ Е! (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен шампион Вардар в среда ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите по пауза од пет години. Во рамките на второто коло од елитното европско натпреварување, црвено-црните во салата „Јане Сандански“ ќе го пречекаат тимот на Нант.

Избраниците на Иван Чупиќ ја започнаа европската сезона со пораз на гостувањето кај Мелсунген, но со прикажаната рамноправна игра и силниот отпор во поголемиот дел од мечот покажаа дека имаат квалитет за големи дострели.

За да го одбележи големото враќање во кремот на европскиот ракомет, клубот најави и организирање на навивачка фан зона пред салата „Јане Сандански“. Навивачите ќе можат да уживаат во богата забавна програма со музика, бина и бројни активности, а дополнителните детали околу фан зоната клубот вети дека ќе ги објави наскоро.

Се вчитува...