Робен: Можам да играм уште пет години на врвно ниво

Холандскиот интернационалец Арјен Робен ова лето ќе го напушти Баерн Минхен по цела една деценија во дресот на баварскиот гигант. Но, 35-годишниот Робен нема намера да стави крај на кариерата, туку да игра уште пет сезони, доколку го послужи здравјето.

„Се чувствувам подготвен да играм уште пет сезони. Доколку ме заобиколат повредите, навистина мислам дека имам што да му понудам на фудбалот и во наредниот период. Не знам каде ќе ја продолжам кариерата, има интерес за мене од МЛС – лигата на САД, но знам дека нема да одам во Кина. Ќе ги разгледам сите опции со семејството и ќе одлучам“, изјави Холанѓанецот.

Арјен Робен оваа сезона одигра само 17 натпревари за Баерн Минхен и се мачеше со повреди. Тој ќе си замине од „Алијанц арена“, исто како и Франк Рибери.

Се вчитува...