Роберт Левандовски ќе ја продолжи својата кариера во Чикаго Фајер, клуб од американската МЛС лига!
На почетокот на јуни, Левандовски и неговиот агент Пини Захави отпатуваа во Чикаго на состанок со раководството на клубот, што сега официјално го потврди тренерот Грег Берхалтер. Според италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо, договорот е официјално склучен и се очекува полскиот напаѓач да го потпише договорот следната недела.
Тренерот на Чикаго, Берхалтер ги потврди преговорите и изрази увереност во успехот на овој трансфер.
„Тој ги има сите предуслови да стане голема ѕвезда во Америка. Оваа земја е подготвена за него. Имаше брилијантна кариера и ова би можел да биде следниот предизвик на неговиот неверојатен пат“, рече Берхалтер, додавајќи дека за време на разговорот не станувало збор само за финансиската понуда за следните две или три години, туку за целиот проект:
„Разговаравме за неговата улога и како може да му помогне на тимот да го освои првенството. Мислам дека најважно е што успеавме да го запознаеме со сè што Чикаго има да понуди.“
Грег Берхалтер верува дека доаѓањето на Левандовски ќе го подигне тимот на ново ниво.
„Во моментов сме тим со многу агресивен напад, го имаме вториот или третиот најдобар напад во целата лига, но сакаме да бидеме најдобри“, рече Берхалтер и додаде:
„Верувам дека со Левандовски можеме да изградиме тим кој навистина може да се бори за титулата.“
🚨💣 EXCLUSIVE: Robert Lewandowski to Chicago Fire, HERE WE GO! 🇺🇸
The Polish striker has agreed to join Chicago Fire after visiting the club and city two weeks ago.
Lewandowski will sign early next week, ready for new chapter in MLS.
Big move. 🔥🇵🇱 pic.twitter.com/JEKnCYyqRm
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 28, 2026
Пред паузата поради Светското првенство, Чикаго Фајер беше на третото место во Источната конференција, зад Нешвил и Интер Мајами. Американскиот клуб не беше единствениот заинтересиран. Клубови од Италија, Турција, Саудиска Арабија, па дури и Германија се распрашуваа за неговите услуги, но Полјакот се одлучи за предизвикот во МЛС.
37-годишниот полски напаѓач пристигна во Каталонија во 2022 година од Баерн за 45 милиони евра. Остави голема трага. Постигна 190 гола на 192 настапи. Освои три титули во шпанското првенство, еден Куп на Кралот и три Суперкупа. Во својата прва сезона во Барселона, тој беше најдобар стрелец во шпанската Ла Лига со 23 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
