Покрај Емил Божиновски кој во Милано на 16 февруари ќе го контролира судењето на дерби мечот во Лигата на шампионите меѓу Интер и Ливерпул, уште еден член на Фудбалската федерација на Македонија доби задача од УЕФА.
Комесарот за безбедност и интегритет на ФФМ Роберт Марковиќ ќе се грижи за безбедноста на мечот од завршните борби во Конференциската лига на Европа во Прага меѓу Спарта и белградски Партизан што се игра на 17 февруари.
Пред патот за Прага, на покана на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, на 13 февруари во Сараево, Марковиќ присуствуваше на регионалниот семинар за безбедност на натпреварите во Премиер лигата на БИХ, каде со своите пренесени искуства од организација за безбедноста на меѓународни и меѓудржавни натпревари придонесе за успешноста на семинарот./М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА