Роберто Мартинез ја напушта Португалија по Мундијалот

Португалија се уште не го започна своето патување на Светското првенство во Северна Америка, а веќе пристигнаа вести во врска со завршувањето на Светското првенство.

Бројни англиски медиуми објавуваат дека Роберто Мартинез, актуелниот селектор на Португалија, ќе ја напушти клупата на репрезентацијата од Пиринеите по Светското првенство.

Мартинез пристигна на клупата на Португалија во 2023 година, а со таа репрезентација ја освои Лигата на нации во 2025 година. Жозе Мурињо требаше да го заземе неговото место по неговото заминување, но тој ја презеде клупата на Реал Мадрид пред нешто помалку од една недела.

Така, името што треба да го замени шпанскиот селектор на клупата на Португалија се уште е непознато.

Се вчитува...