Роберто Мартинез седнува на клупата на Барселона

Лошиот почеток на сезоната ќе биде кобен по Роналд Куман. Каталонскиот тим по пет одиграни натпревари во Ла Лига освои само девет бода и веќе сериозно заостанува зад лидерот на табелата, Реал Мадрид. Притоа Барселона дожиеа и дебакл на отварањето на Лигата на Шампионите, а шпанските медиуми веќе го знаат и неговиот наследник.

Имено, како што пренесува шпанското издание на популарниот „Гол“, предводникот на Белгија, Роберто Мартинез по завршниот турнир на Лигата на Нации во октоври ќе седне на клупата на Барселона. Притоа шпанскиот тренер веќе добил и „зелено светло“ од белгиската федерација за заминување.

Каталонскиот клуб ќе и исплати обесштета на белгиската федерација за услигите на 48-годишникот во износ од 1.5 милиони евра со оглед на тоа што Мартинез има договор со важност до крајот на Светското првенство 2022.

Се вчитува...