Робертсон: Атлетико славеше како да е во четвртфинале, ќе се видиме на „Енфилд“

Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон, е оптимист дека неговиот тим ќе успее да ја надополни негативата од еден гол од првиот меч во Мадрид, па на „Енфилд“ ќе успее да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Тие дадоа гол во најдобар можен момент, дојдоа до резултат и потоа знаеја како да го задржат. Паѓаа безброј пати на теренот, се обидоа да не извадат од ритам, но мислам дека не успеаја. Имавме игра, создадовме неколку шанси, но не успеавме да дадеме гол. Видов како по мечот славеа како веќе да се во четвртфиналето, но има да се играат уште 90 минути. Ќе се видиме на „Енфилд“, пред нашите верни навивачи“, изјави Робертсон по натпреварот.

Има да се играат уште 90 минути, а ние сме убедени дека можеме да дојдеме до резултат што ќе не однесе во четвртфиналето“, дополни Вирџил ван Дајк.

Се вчитува...