Робертсон: Дајте му на Клоп неколку пива за да ни даде два слободни дена

Ливерпул по три децении конечно ја освои шампионската титула во Англија, а фудбалерите ја дочекаа сите заедно во хотел. Но, си имаат и мака, и покрај тоа што се шампиони, Јирген Клоп ги држи под германска дисциплина и не сака да им даде слободни денови. Следниот меч Ливерпул го игра за шест дена.

„Целата екипа е заедно, нема да ви го кажам името на хотелот, го гледавме заедно мечот меѓу Челси и Манчестер Сити и морам да кажам дека филингот е фантастичен. Здивевме од среќа по завршувањето на натпреварот и навистина уживаме во моментот“, изјави Ендрју Робертсон, левиот бек на Ливерпул.

Фудбалерите побараа и два слободни дена од Јирген Клоп, но, се чини дека тешко ќе го наговорат на тоа.

„Се уште се обидуиваме да го наговориме за некој слободен ден. Дајте му неколку пива, верувам дека ќе ни даде два дена слободно за уживање“, се шегува Робертсон.

 

Се вчитува...