Робев: Ја симнавме Норвешка под 40 поени, тоа не се случува често

Македонската кошаркарска репрезентација остана перфектна и третиот претквалификациски натпревар за Евробаскетот 2025. „Црвено-жолтите“ денеска против Норвешка беа на врвот на својата задача целосно лимитирајќи го противникот во неговата игра за убедлива победа од 58-36.

По натпреварот задоволството не го криеше Дамјан Робев кој одигра одличен натпревар, пред се во одбраната.

Се вчитува...