Робев на три секунди пред крајот донесе победа за Вардар против Академија ФМП

Кошаркарите на Вардар запишаа значајна победа од 79-77 против Академија ФМП во битката за опстанок во Првата македонска кошаркарска лига.

Во драматичен натпревар, триумфот на „вардарци“ ја донесе Робев со поените на три секунди пред крајот, откако претходно низ текот на целата последна четвртина ФМП Академија постојано беше во водство.

Најдобар во редовите на Вардар беше Американецот Проувел со 23 поени, Радош запиша 21 поен а Робев мечот го заврши со 18 постигнати поени. Кај гостите Харис се издвои со 18 поени, а Начевски заврши со 12 постигнати поени.

Со овој триумф Вардар се израмни на 8. место на табелата со ФМП Академија со три победи и 13 порази. На последната позиција е вториот тим на МЗТ Скопје досега без ниту една победа.

Се вчитува...