Робев: Очекувам победа против Словачка и ништо друго

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен ќе ја пречека Словачка во вториот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година.

Кај Дамјан Робев нема дилеми. Очекува победа против Словачка, како потврда за успешниот почеток на претквалификациската трка за место на Евробаскетот 2025.

„Не очекувам ништо друго освен триумф против Словачка. Се работи за противник со кого игравме двапати во претходниот циклус, првиот меч бевме многу подобри, во вториот меч нè победија, но ние веќе бевме во следната фаза и таа средба не репер. На повеќето од играчите ни е познат противникот. Мислам ќе ни биде полесно за време на мечот, за договор како да напаѓаме и како да браниме. Се надевам на добар исход“- вели бекот-шутее во нашиот национален тим во кој, за разлика од средбата со Данска, ќе има една измена.

На местото на Димитар Пандев, во финалните 12, ќе се најде името на веќе стандардниот на бековската позиција, Бобан Стајиќ.

Се вчитува...