Робињо негира вина: Не учествував во силувањето!

Поранешниот фудбалер на Милан, Реал Мадрид и Манчестер сити, Бразилецот Робињо вчера беше осуден на казна затвор во траење од девет години поради учество во групно силување во 2013 година во Милано, на 22-годишна девојка од Албанија.

На Робињо му е изречена казна затоа што со уште пет лица учествувал во силувањето на девојката во еден ноќен клуб во Милано. Ден по пресудата, Робињо се огласи преку својот адвокат изјаснувајќи се како апсолутно невин за сите обвинувања.

„Јас веќе се одбранив претходно од сите обвинувања. Никогаш не сум учествувал во тој инцидент. Да, не успеав да го спречам но јас никогаш не сум учествувал во силување. Во моментов се преземени сите правни чекори за да на повисоките судски инстанци се поништи оваа пресуда“ – се вели во дел од соопштението на денешниот фудбалер на Атлетико Минеиро.

Се вчитува...