Роденден се прави навечер: Комити слават 30 години постоење на дербито со Пелистер

По многу натегања и спротивставени информации, сепак, крајната одлука е дербито меѓу Вардар и Пелистер да се игра в недела, во вечерен термин на арената „Филип Втори“, со почеток од 18 часот. Најголемата навивачка група во Македонија, „Комити“, ќе го прослави својот 30-годишен јубилеј, па ова дерби секако ќе добие поинаков шарм.

Избраниците на Чедомир Јаневски сигурно ќе се потрудат да им го разубават со триумф на вечниот ривал Пелистер, кој во последно време и не е во најдобра форма.

Оваа година фудбалскиот клуб Вардар го слави 70-годишниот јубилеј, но, како што информираат од раководството, прославата ќе се случи идната година.

Се вчитува...