Роџер Федерер се чува за Лондон, нема да игра на Мастерсот во Париз

Роџер Федерер нема да игра на Мастерсот вo Париз соопшти денеска швајцарскиот тенисер. Третиот играч вo светот вчера ја освои десеттата титула на турнирот во Базел, четврта годинава, а 103 вкупно во кариерата и реши да одмора оваа седмица и да го прескокне последниот Мастерс во годината.

Жал ми е што морам да се повлечам од Мастерсот ов Париз, но морам да се штедам затоа што сакам да играм што подолго може. Им се извинувам на француските навивачи, ќе ќе видиме следната година на Ролан Гарос“  – изјави Федерер.

Федерер требаше да биде трет носител на турнирот, а се наоѓаше во иста половина од ждребот со Рафаел Надал. Федерер до крајот од годинава ќе се појави на завршниот турнир на осумте најдобри тенисери во Лондон кој почнува на 10 ноември.

 

 

 

Се вчитува...