Родри: Ова што го игра Шкотска е ср*ње од фудбал

Фудбалерите на Шкотска приредија вистинска сензација во квалификациите за ЕВРО 2024 година откако синоќа на домашен терен славеа над Шпанија со 2-0.

Капитенот на Шпанија, Родри не беше задоволен од поразот од Шкотска, а посебно беше бесен на начинот на кој домашните во финишот го крадеа времето.

„Така играат. За мене тоа е ср*ње. Тие постојано трошат време. За мене тоа не е фудбал. Судиите треба да направат нешто, но молчат. Сигурен сум дека ќе извлечеме поука за следниот пат. Сакаме да се бориме, да се вклучиме во дуели. Ние сме борбен тим. Но, тоа што го прават не е борба“, вели Родри.

Се вчитува...