Родри за историја: Фудбалер со најмногу комплетирани додавања на мундијалите

Родри одигра уште еден натпревар за паметење во дресот на Шпанија, маестрално диригирајќи со играта на „црвената фурија“ која на крајот заслужено ги обедини светската и европската фудбалска круна.

Шпанскиот капитен си обезбеди и место во историјата, станувајќи фудбалер со најмногу додавања на светските првенства.

Рекорд што до денеска му припаѓаше на легендарниот Бразилец Карлос Дунга (1306), но Родри ja мина оваа бројка уште во првото полувреме од финалето стигнувајќи до 1343.

Шпанецот беше маестрален во ова финале, со над 100 успешни додавања и неверојатни 95% успешност, како уште еден доказ, зошто важи за најдобар фудбалер на својата позиција во светскиот фудбал.

Се вчитува...