Родригез надвор од терените до крајот на годината

Хамес Родригез нема да игра за Евертон до крајот на годината, поради повреда на листот на ногата, потврди тренерот на англискиот премиер-лигаш, Карло Анчелоти. Тоа значи дека колумбискиот интернационалец ќе ги пропушти гостувањето кај Шефилд Јунајтед и домашниот натпревар со Манчестер Сити.

„На Хамес нема да сметаме во следните два меча. За понатаму ќе мора да видиме како ќе следува неговото опоравување“, изјави Анчелоти. 

Додатен проблем за „карамелите“ ќе биде и отсуството на Ришарлисон поради сударот кој го имаше на мечот против Манчестер Јунајтед во Лига купот.

Се вчитува...