Рохо: Им кажав на Банега и на Отаменди дека ќе дадам гол…

Еуфоричен беше Маркос Рохо по последниот свиреж на судијата Чакир, и тоа со право откако дефанзивецот со прекрасен погодок донесе триумф на „гаучосите“ што значеше и пласман во осминафиналето од мундијалот.

„Знаев дека ќе дадам гол, имав неверојатно претчувство. Им кажав на Банега и на Отаменди, прашајте ги… Имаме право да бидеме среќни, заслужуваме осминафинале. Ова е само почеток… напред Аргентина“ – порача Рохо веднаш по натпреварот.

Во осминафиналето Аргентинците ги очекува нов сериозен предизвик, на 30 јуни ќе ги одмерат силите со селекцијата на Франција.

Се вчитува...