Рохо открива: Меси нареди – сите во напад!

Аргентинската фудбалска репрезентација се извлече практично од работ на бездната триумфирајќи драматично со 2-1 над Нигерија во последното коло од групниот сегмент на Светското фудбалско првенство. Во осминафиналето, „гаучосите“ ќе играат против Франција. Стрелецот на победничкиот гол, Маркос Рохо, објаснува како капитенот Лео Меси ги мотивирал соиграчите. Тој наредил – сите во напад!

„Ни рече дека се работи за живот или смрт. Да бидеме мирни и сите да одиме во напад, па дури и Маскерано. Ни рече да напаѓаме што и да се случува. Тој навистина знае да ја процени играта и ризиците. Тој е вистински лидер. Тој е најдобар“ – вели Рохо, кој на четири минути пред крајот на дуелот со Нигерија стрелаше за победата.

Осминафиналниот дуел со Франција, Аргентинците ќе го одиграат в сабота. На претходното Светско првенство, Аргенита загуби во финалето од селекцијата на Германија.

 

 

Се вчитува...