Рома ја има фаворитската улога на утрешниот домашен натпревар против Џенова, но „волчицата“ се соочува со огромни проблеми околу составот откако тренерот Гасперини остана без услугите на петмина првотимци кои сигурно ќе настапеа од првата минута на „Олимпико“.
Коне и Дибала заработија повреда на последниот меч од ЛШ против Реал Мадрид, а Гасперини на денешната прес-конференција обелодени детали од нивните повреди.
„Коне има повреда на мускулот, не е пременогу сериозна, но бара мирување извесен период. Наша желба е тој да се врати пред наредната репрезентативна пауза. Дибала нема повреда, туку преоптоварување на мускулите. Наскоро ќе биде во тимот, но нема да може да ни помогне викендов“, обелодени шефот на стручниот штаб на Рома.
Најдобриот стрелец на тимот, Дониел Мален, нема да може да настапи против Џенова поради суспензија, а Гасперини на располагање ќе ги нема ниту првиот голман Свилар ниту пак искусниот Кристанте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
