Рома го испраќа својот „принц“: Франческо Тоти, од легенда ќе се претвори во божество (ВИДЕО)

Франческо Тоти…Симболот на Рим и тоа не само во фудбалски смисол. Момчето кое сакаше само да ги додава топките на својот омилен тим Рома, со текот на времето израсна во неверојатна легенда на клубот, која карактеризира верност, братска релација со фановите, надраснувајќи го клубот во целина. Тоти е „принцот“ на Рим, симболот на градот, човекот што се заколна на доживотна верност, кој одолеа и на предизвикот да го носи дресот на Реал Мадрид. Затоа што за него во текот на целата кариера постоеја само боите на неговиот сакан клуб Рома. Тоа фановите вечно ќе го паметат во „вечниот град“.

Денеска Франческо Тоти ќе го одигра последниот меч во дресот на Рома. Ќе има солзи, но легендата ќе прерасне во фудбалски мит, фудбалерот од легенда на клубот ќе прерасне во римско божество…И никогаш нема да се роди нов Франческо Тоти…

Се вчитува...