Рома го избриша Малком од списокот на Барса, па ги победи каталонците

Рома славеше со 4-2 на пријателскиот натпревар против Барселона, користејќи го фактот дека каталонскиот гигант во второто полувреме настапи со играчи од својата младинска школа. Најголемите асови на Барса воопшто не допатуваа во САД, оние кои настапија одиграа максимум до 60 минути, па „волчицата“ со подобра игра во финишот стигна до убедлива победа.

Барселона два пати водеше, преку Рафиња и Малком, но Рома направи пресврт и триумфираше со головите на Ел Шарави, Флоренци, Кристанте и Пероти.

Во таборот на Рома очигледно не го преболеле фактот дека Бразилецот Малком ги откачи во последен момент за да потпише за Барса, па „волчицата“ на својот официјален твитер-профил при најавата на составот целосно го избриша овој фудбалер од првите единаесетмина на каталонскиот гигант.

Се вчитува...