Рома го купува Талиска?

Италијанскиот калчолигаш Рома е сериозно заинтересиран за офанзивниот играч на Бешикташ, Талиска. Тој како позајмен играч од Бенфика настапува за турскиот шампион и му помогна да се избори за настап во нокаут фаза од Лигата на шампионите.

Спортскиот директор на Рома, Мончи, веќе подолг период ги следи неговите игри и сака да го доведе „Олимпико“. Рома е подготвена да плати 25 милиони евра за овој фудбалер, а веќе ги отпочна преговорите со Бенфика. Сепак, Бешикташ е клубот кој има можност и целосно да го откупи договорот на Андерсон Соуза Консеисао, кој е многу попознат како Талиска.

Се вчитува...