Рома го претрка Интер за Николо Барела

Италијанскиот калчолигаш Рома ја доби трката со Интер за потписот на Николо Барела. Играчот за врска на Калјари за 35 милиони евра ќе пристапи на „волчицата“ и ќе го засили римскиот состав, а во пакетот е вклучен и Григоре Дефрел кој ќе замине во спротивна насока.

Барела беше на чекор до Интер, но преговорите пропаднаа во последен момент откако Калјари побара 50 милиони евра за неговите услуги. Тоа беше преголемо барање за „нероаѕурите“ кои се повлекоа од разговорите. Тоа го искористи Рома која успеа да ја склучи зделката со Калјари.

Се вчитува...